Обама: САД ќе сторат се што е во нивна моќ за ослободување на ученичките во Нигерија

Од:

 САД ќе сторат се што е во нивна моќ за да и помогнат на Нигерија да ги пронајде околу 300-те девојчиња, кои беа киднапирани пред три недели, изјави американскиот претседател Барак Обама.

Исламистичката групација Боко Харам ја презеде одговорноста за киднапирањето на девојчињата и се закани дека ќе ги продаде.

Обама изјави дека Владата на Нигерија ја прифатила помошта на американските војници и полициски експерти, кои имаат искуство во слични ситуации.

– Краткорочен приоритет е пронаоѓање на девојчињата. Потоа меѓународната заедница ќе треба да се справи со заканата, која ја претставува групацијата Боко Харам, една од најлошите терористички организации, истакна Обама.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Четиричлено семејство загина во пожар во станбен комплекс во Канзас Сити

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина