Нацрт буџетот предложен од американскиот претседател Барак Обама за фискалната 2016 година предвидува 8,8 милијарди долари за финансирање на борбата против Исламска држава, засилување на ирачката армија и на умерената опозиција во Сирија.
Околу 5,3 милијарди долари ќе бидат одвоени за Министерството за одбрана.
Средствата се дел од барањата на владата на Обама од 58 милијарди долари за итни операции вон границите на државата.