Обама: Пред 35 години и јас можев да бидам Трејвон Мартин

Од:

На прес-конференција во Белата куќа, американскиот претседател Барак Обама го коментираше случајот на Џорџ Зимерман, кој е ослободен од вината за убиството на 17-годишниот Трејвон Мартин.

Обама рече дека афроамериканците на случајот гледаат преку призмата на личното искуство и историјата, која се уште е жива.

– Кога Трејвон Мартин беше застрелан, прво си помислив дека тоа можеше да биде мојот син. После си реков дека Трејвон Мартин можев да бидам јас, пред 35 години, изјави Обама во првата изјава откако судот во Флорида го оправда убиството на членот на доброволното обезбедување Зимерман, кој го застрела невооружениот Мартин.

Според Обама, црните мажи во Америка се навикнати на нив да се гледа со страв и сметаат дека не се третирани рамноправно пред законот. Во емотивната изјава, тој уште раскажа дека пред да ја преземе изборната должност гледал како возачите одвнатре си ги заклучуваат автомобилите, а жените поцврсто ги стискале чантите кога тој минувал покрај нив.
Американскиот претседател повика на преразгледување на државните и локални закони, кои го уредуваат правото на легитимна самоодбрана.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски