Американскиот претседател Барак Обама го повика Конгресот да усвои резолуција за употреба на сила против групата „Исламска држава“.
САД и нивните сојузници ќе ја победат „Исламска држава“, но за тоа ќе биде потребно време, нагласи Обама. Американскиот претседател изрази солидарност со сите жртви на терористички напади врз училишта во Пакистан и на улиците на Париз.
– Ќе продолжиме да ги следиме терористите и да ги уништуваме нивните мрежи. Го задржуваме правото да дејствуваме еднострано, нешто што не престануваме да го правиме, откако бев избран за да ги елиминираме терористите, кои претставуваат непосредна закана за нас и нашите сојузници, изјави претседателот пред Конгресот.