Обама одобри пет милиони долари воена помош за Украина

Од:

Американскиот претседател Барак Обама нареди да се испрати дополнителна воена помош на Украина за справување со сегашната криза.

Вредноста на помошта достигнува пет милиони долари, јави ИТАР-ТАСС.

Таа вклучува воена опрема и помош за подготовката на војниците, но не и борбени системи.

Според соопштение на Белата куќа, надлежностите за извршување на наредбата на претседателот му се предаваат на државниот секретар Џон Кери, согласно американскиот Закон за давање воена помош од 1961 година.

Кери ги добива и надлежностите да го нареди давањето на помошта за Украина од секое американско министерство или владин орган.

Вредноста на оваа помош може да достигне и до 20 милиони долари, но не може да вклучува оружје.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак