Обама не предвидува засега копнена операција во Сирија

Од:

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека не предвидува сценарио во кое би испратил американски копнени сили во Сирија.

– Во моментот не гледам ситуација во која испраќањето американски сили во Сирија би било од корист за САД и за Сирија, нагласи тој.

Обама додаде дека САД ќе продолжат со притисок врз Сирија додека трае истрагата дали владата во Дамаск наредила употреба на хемиско оружје врз народот.

Американскиот претседател наведе дека ако систематското користење хемиско оружје во Сирија биде потврдено, САД ќе објават докази пред меѓународната заедница бидејќи тоа го засега целиот свет. Тој не наведе какви акции може да се преземат и повика на внимателен пристап за да се избегнат несакани последици.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа