Обама нареди да се формира експертска група за искористување на технологиите за собирање разузнавачки информации

Од:

Американскиот претседател Барак Обама на шефот на националното разузнавање му нареди да формира експертска група за прашањата на искористување на телекомуникациските и други технологии при собирањето разузнавачки информации, пренесе ИТАР ТАСС.

Во документот, цитиран од агенцијата, се посочува дека експертите треба да се изјаснат дали САД ги користат своите технички можности за собирање на информациите, за „оптимално да ја штитат националната безбедност“, и при тоа на подобен начин да забележат и други политички фактори, меѓу кои се посочени ризиците од недозволено протекување на информации и неопходноста да се „зачува довербата на општеството“.

Минатата недела Обама соопшти серија мерки, чија цел, според него, е да ја засили транспарентноста при изведување на програмата за електронско следење, за чие постоење поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден ги информира медиумите.

Би можело да ве интересира

Во САД се пронајдени 200 деца кои се бараа како исчезнати

Горан Наумовски

Американските бази во Европа во состојба на готовност поради можни терористички напади

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски

Нова трагедијата во Флорида: Девојче почина во вжештен автомобил

(ВИДЕО) Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Ново Мексико

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски