Обама: Најтешка одлука ми беше испраќањето дополнителни 30.000 војници во Авганистан во 2010 година

Од:

Американскиот претседател во заминување Барак Обама изјави дека неговата најтешка одлука во двата негови претседателски мандата била испраќањето дополнителни 30.000 војници во Авганистан во 2010 година, пренесоа француските медиуми.

-Најтешката одлука настапи на почетокот на моето претседателствување, кога дадов наредба да се испратат дополнителни 30.000 војници во Авганистан, а бев човек чија кампања беше насочена кон тоа да се заврши со масовните дислоцирања на војската во странство, изјави Обама во денеска емитуваното интервју а Еј-Би-Си.

„Сметам дека тоа беше правилна одлука затоа што тогаш талибанците беа во успон, пред да стапам на должноста, делумно затоа што не обраќавме толку внимание на Авганистан колку што требаше“, објаснува Обама.

На прашањето дали е разочаран што осум години подоцна во Авганистан, но и во Ирак, и натаму има американски војници, тој одговари: „Да, но научив дека во војната против тероризмот никогаш нема да постигнеме исти решителни и трајни успеси, кои ги постигнуваме во војните против државите. Дури и откако ја уништивме Ал Каеда во пакистанските племенски зони, дури и откако го убивме Бин Ладен, таму пак остануваат луѓе кои сакаат и можат да удрат врз САД, доколку не останеме будни“, рече Обама.

Според него, нестабилноста на земјите како Ирак и Авганистан го прават неопходно американското воено присуство во нив.

Денеска во Ирак има над 5.000 американски воени советници и околу 8.400 војници во Авганистан.

-Меѓутоа, веќе немаме толку огромно присуство и има помал ризик да бидеме нападнати како окупаторска сила, заклучува Барак Обама.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Малолетници ја пробија вратата на продавницата и украдоа оружје

А1он

Карасин: Русија и САД ги продолжуваат преговорите со меѓународно посредништво

Тајмс: Путин се обиде да манипулира или измами пет американски претседатели

Драма во Тексас: Експлозиви пронајдени во просториите на „Тесла“

Преговорите меѓу Русите и Американците завршија

Песков: Русија и САД имаат многу работа за решавање на украинската криза