Претседателот на САД Барак Обама смета дека најголема грешка, која ја направил во текот на својот мандат, е неуспехот во планирањето по соборувањето од власт на либискиот претседател Моамер Гадафи во 2011 година.
Тој во интервју за Фокс њуз, што вчера е емитувано, истакна оти смета дека интервенцијата во Либија „била исправна“, но оти не е успешно испланирано што да се прави потоа.
Обама истакна дека интервенцијата во Либија поминала најдобро што можела, но оцени оти Либија денес е во хаос.
Обама минатата недела изјави оти имал „повеќе верба“ во Европејците дека ќе се вклучат во периодот по интервенцијата со оглед на нивната географска близина и ја обвини нивната пасивност за хаосот во земјата.