САД веруваат дека на Иран му е потребна најмалку уште една година за да постигне капацитети за производство на нуклеарно оружје, изјави денеска американскиот претседател Барак Обама, истакнувајќи дека тоа е „внимателна“ проценка.
– Наша проценка и понатаму е дека на Иран му е потребна најмалку една година за да произведе атомска бомба, но таа е веројатно повнимателна отколку проценката на израелските разузнавачки служби, нагласи Обама.
Американскиот претседател додаде и дека светот мора да „провери“ дали шефот на иранската држава Хасан Рохани е сериозен кога станува збор за решавање на спорот околу нуклеарната програма на дипломатски начин.