Обама ќе додели ордени на слободата за 16 луѓе во САД

Од:

Претседателот Барак Обама ќе додели највисоко цивилно дликување на САД – Претседателски медал на слободата за 16 луѓе, меѓу кои и поранешниот претседател Бил Клинтон и телевизиската водителка Опра Винфри.

Клинтон (67) беше претседател на САД од 1993 до 2001 година. Во 2012 година тој придонесе за реизбор на Обама кој стана втор демократ, по него, со два мандата по ред по Втората светска војна.

Опра Винфри (59) редовно е на врвот од листите на највлијателни личности во американските медиуми. Винфри безрезервно ја поддржа политичката кариера на Обама, особено при првата негова победа на изборите во 2008 година.

Меѓу другите наградени се поранешниот републикански сенатор од Индијана, Ричард Лугар и поранешниот главен уредник на Вашингтон пост Бен Бредли, познат по улогата во време на скандалот Вотергејт. Од 1963 година тој орден, кој се доделувал како награда за учество во воени дејствија, се доделува за особени заслуги во заштита на безбедноста или за националните интереси на САД, културни и други важни општествени акции.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху