Обама ја претстави агендата за справување со климатските промени

Од:

Американскиот претседател Барак Обама ја претстави својата агенда за справување со климатските промени и мерките со кои ќе се регулира дозволеното ниво на загадување во термоелектраните што работат на јаглен.

Обама во своето вчерашно обраќање пред студените во Џорџтаун универзитетот, каде го претстави новиот план, постави и нови услови кои мора да бидат исполнети за почеток на градењето на нафтоводот Кистоун.

Според Обама климатските промени ќе имаат силно влијание врз целата планета и поради тоа треба да се преземат неопходни мерки.

Сепак, најавените мерки наидоа на осуда од претставниците на црната и обоена металургија, како и од конгресмените на американските сојузни држави кои зависат од производство на јаглен.

Претседателот на САД нагласи дека донел одлука Агенцијата за заштита на животната средина да подготви ограничувања за тоа колку треба да изнесува емисијата на штетни гасови од електроцентралите на јаглен, што досега не беше регулирано.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа