Американскиот претседател Барак Обама денеска на почетокот од африканската турнеја изјави дека геј популацијата заслужува исти законски права како и сите други луѓе.
– Принципот на еднаквост треба да биде патоказ за сите држави и влади, истакна Обама одговарајќи на новинарско прашање за одлуката на Врховниот суд на САД за геј браковите, со оглед дека доаѓа во земја каде хомосексуализмот е кривично дело.
Обама потенцира дека ги разбира различните култури и религии и има поинакви погледи и традиција оти принципот на еднаквост треба да биде патоказ за тие држави и влади.
– Сакам народот во Африка да знае во што верувам. Без оглед на расата, религијата, полот и сексуалната ориентација, сите треба да имаат исти права пред законот, посочи Обама.
Неговиот домаќин, претседателот на сенегалскиот претседател Маки Сал истакна дека Сенегал е „многу толерантна држава“ и оти не е хомофобична, но оти се уште не е подготвена да го декриминализира хомосексуализмот.