Обама ја номинираше Пени Прицкер за министер за трговија

Од:

Американскиот претседател Барак Обама ја номинираше денеска милијардерката од Чикаго Пени Прицкер за министер за трговија. За време на номинацијата Обама изјави дека Прицкер е една од најистакнатите лидери во бизнис заедницата во САД.

Прицкер, која е стар пријател на претседателот, е една од најбогатите жени во САД, нејзиниот имот се проценува на 1,85 милијарди долари. Таа собра стотици илјади долари за предизборните кампањи на Обама. Доколку кандидатурата и биде одобрена од Сенатот, Прицкер ќе ја замени Ребека Бланк, како министер за трговија и ќе стане четвртата жена во Владата на Обама и најбогатиот член
на неговиот кабинет.

Обама исто така го номинираше својот советникот Мајкл Фроман за трговски претставник на САД, изјавуваќи дека тој е еден од водечките експерти во областа на светската економија.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа