Претседателот на САД Барак Обама ја изгуби предноста од својот соперник Мит Ромни, по предизборниот телевизиски дуел, покажа истражување на „Брима галуп“, објави „Франс прес“. Според анкетата, Обама и Ромни имат еднаква поддршка меѓу гласачаите – по 47 отсто. Пред дуелот, Обама имаше предност од 4 до 6 отсто на национално ниво.
– На првиот телевизиски дуел, од предвидени три за овој месец, Обама изгледаше дистанциран и безличен, додека неговиот соперник беше борбен, пишува „Франс прес“. Истражувањето на „Брима галуп“ покажа дека 72 отсто од анкетираните сметаат дека Ромни победил во дуелот.