Обама испраќа двајца сенатори во Египет

Од:

Aмериканските сенатори Линдзи Греам и Џон Меккејн, по барање на претседателот на САД, Барак Обама, следната недела ќе отпатуваат во Египет, каде ќе апелираат на воените власти да се дозволи одржување нови избори во земјата.

– Претседателот побара од мене и од сенатарот Меккејн следната недела да заминеме во Египет и сега се обидуваме да најдеме начин да отидеме таму, изјави републиканскиот сенатор Греам, кој додаде дека во Египет ќе треба да ја пренесат пораката дека војската мора да дозволи одржување нови избори.

Меккејн не соопшти повеќе детали околу заминувањето во Египет, но нагласи дека тој и Греам ќе се обидат да помогнат во мировниот процес во оваа држава, која е зафатена од немири по смената на претседателот Мохамед Морси од власт.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски