Претседателот на САД, Барак Обама и кандидатот на републиканците, Мит Ромни влегоа во последните часови од кампањата, пред изборите кои се закажани за вторник, 6-ти ноември.
Актуелниот претседател Барак Обама одржа голем митинг во Бристоу, во Северна Вирџинија каде што заедно со поранешниот претседател Бил Клинтон пред повеќе од 10.000 поддржувачи ги изнесоа своите успеси во изминатите четири години и побараа уште четири години за Демократската партија да остане во Белата куќа.
„Денес, нашите компании создадоа пет и пол милиони работни места. Американската автомобилска индустрија пак е прва. Цените на куќите се креваат, градежништвото се враќа, помалку сме зависни од увозна нафта од било кога во последните 20 години.
– Војната во Ирак е завршена, а војната во Авганистан е при крај. Ал каеда е сотрена, Осама бин Ладен е мртов, и побезбедни сме отколку што бевме пред четири години. Но, Вирџинија, ние не сме тука само за да го слушаме Дејв Метјуз, туку затоа што имаме уште работа.
– Се додека има макар и еден Американец кој сака работа, а не може да најде, нашата работа уште не е завршена. Нашата борба продолжува“, изјави Обама.