Американскиот претседател Барак Обама и републиканецот Мит Ромни се скоро изедначени во државите Охајо, Флорида, Вирџинија и Колорадо, покажуваат најновите истражувања.
Според резултатите на анкетите кои ги спроведе Ројтерс и Ипсос на национално ниво е слична ситуацијата. Па така за Обама би гласале 47% од бирачите, а за Ромни 46%.
Ако се погледната така наречените свинг држави, Обама води со процент во можеби најважната држава Охајо (46 спроти 45 отсто).
Ситуацијата е напната на Флорида каде и двајцата кандидати имаат по 47%, додека во Вирџинија Обама води со три отсто (48% наспроти 45%) .
Шансите во Колорадо се подобри за Ромни и тој во овој момент води со 47 наспроти 45 отсто.
„Вистина резултатот е тесен“, вели аналитичарката на Ипсос, Џулија Кларк и додава дека Обама сепак има нешто подобри шанси да дојде до неопходните 270 електорски гласови.