Американскиот претседател Барак Обама и премиерот на Индија Нарендра Моди изјавија денеска дека е постигнат клучен договор, со кој се отвора патот за американски инвестиции во развојот на индиската нуклерана енергија.
Двете држави долго време не може да постигнат договор за транспорот на нуклеарниот материјал, поради што компаниите од САД во областа на нуклеарната енергија не го искористија билатералниот договор од 2008 година.
Индија и САД планираат да почнат со заедничко производство на воена техника, изјави Обама пред новинарите во индискиот главен град, каде се наоѓа во официјална посета.
Во изминатите три години САД доставиле на Индија оружје во вредност од вкупно 4,2 милијади долари, јави ТАСС.