Обама го потенцира напредокот на човековите права во Малезија

Од:

Претседателот на САД, Барак Обама на средбата со малезискиот премиер Наџиб Разак во Куала Лумпур го постави прашањето за подобрување на состојбата со човековите права во Малезја.

Обама истакна дека иако лично не се сретнал со најистакнатиот малезиски опозиционер и поранешен вицепремиер Анвар Ибрахим тоа не значи дека не е заинтересиран за неговиот случај. Со Ибрахим се сретна сооветничката за национална безбедност на Обама, Сузан Рајс.

Обама на заедничката прес-конференција со Наџиб истакнал дека има напредок за состојбата на човековите права истакнувајќи оти „во далечна перспектива за сите страни е подобро ако се почитува владеењето на законот и основните слободи“.

Наџиб посочи декла тој и Обама се договориле да ги интензивираат билатералните односи, но оти Малезија се уште е „далеку од присоединување кон Тихоокеанското партнерство, предложено од САД“, бидејќи тоа е „чувствително“ прашање во Малезија.

Наџиб сакал Малезија да стане дел од Тихоокеанското партнерство, но на тоа минатата година се спротиставиле традиционалистите во неговата партија. Малезискиот премиер истакна дека приоритет ќе биде интеграцијата на земјата во Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН).

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија