Претседателот на САД Барак Обама ги повика двајцата кандидати за претседател на Авганистан што е можно побрзо да постигнат договор за решавање на политичката криза во земјата, што ќе дозволи формирање нова влада.
Белата куќа соопшти дека Обама телефонски разговарал со поранешниот министер за надворешни работи Абдула Абдула и поранешниот министер за финансии Ашраф Гани Ахмаџај, кои се обидуваат да го решат спорот со резултатите од претседателските избори.
– Претседателот истакна дека е важно што е можно побрзо да биде постигнат договор за влада на национално единство, што ќе добие меѓународна поддршка и и ќе биде задржана стабилноста на земјата, соопшти Белата куќа.
Во соопштението, исто така, се потврдува ангажманот на САД за поддршка на Авганистан и составувањето нова влада.