Властите на Обединетите Арапски Емирати ги предупредија своите граѓани да избегнуваат носење традиционална облека, кога патуваат во странство.
Предупредувањето беше упатено, откако државјанин на ОАЕ, облечен во традиционална облека гандура (долга бела облека) беше уапсен во градот Ејвн во американската сојузна држава Охајо, поради сомнение за тероризам.
Властите на ОАЕ ги повикаа државјанките на ОАЕ да ги почитуваат забраните за носење на исламска традиционална облека во некои делови на Европа.
Поради апсењата во Охајо емиратското Министерство за надворешни работи изрази загриженост пред заменик-амбасадорот на САД во ОАЕ Итон Голдрич.
Дипломатот се извинил и ветил дека ќе побара истрага за апсењето од властите во Охајо.