Нури ал Малики предупреди дека во Ирак се внесува оружје од Сирија

Од:

Оружјето и борците, кои се слеваа кон Сирија, веќе се насочуваат кон Ирак, предупреди премиерот на земјата Нури ал Малики, цитиран од американските медиуми.

Според Малики, оружјето што некои земји им го обезбедуваат на сириските бунтовници и странските борци, кои се борат против претседателот Асад, сега се покажува во Ирак.

-Оружјето, доделено на овие убијци во Сирија нелегелно се внесува во Ирак и овие волци, кои дојдоа во Сирија од најразлични земји, сега се промолкнуваат во Ирак, изјави премиерот.

Според Ал Малики, ова движење на оружјето и борците придонесува за насилството во неговата земја.

Ирак официално останува неутрален во сирискиот конфликт.

Владата во Багдад, предводена од шиити, повеќепати повика на мирно, политичко надминување на кризата, но, исто така, предупреди дека евентуалната победа на бунтовниците ќе ја префрли религиозната војна во Ирак и Либан, забележаа американските медиуми.

Ирачките граничари често пати влегуваат во судири со екстремисти и шверцери, кои се обидуваат да ја преминат ирачко-сириската граница.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак