Премиерот на Ирак Нури ал Малики денеска побара Парламентот да прогласи вонредна состојба заради нападот на екстремистите врз Мосул.
Ирачкиот премиер повикот за воведување вонредна состојба го упати на прес конференција што ја пренесуваше државната телевизија.
Екстремистите денеска под своја контрола го ставија Мосул, вториот по големина град во Ирак. Стотици вооружени екстремисти во текот на ноќта почнаа напад врз Мосул, престолнината на провинцијата Ниневех, на 350 километри северно од Багдад.
Пред да го освојат градот, екстремистите ги зазеле и седиштето на Владата, затворите и телевизиските станици. Сите продавници се затворени, силите за безбедност ги оставиле возилата, а полициските станици се запалени.