Нуклеарката „Бушер“ не е оштетена од земјотресот во Иран

Од:

Иранската нуклеарна централа „Бушер“ не е оштетена при силниот земјотрес кој денеска го погоди југоисточниот дел на земјата, соопшти претставник на компанијата „Атомстројекспорт“.

Областа во која се наоѓа нуклеарката на 9 април беше погодена од земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер, при што загинаа 37 лица, а беа повредени над 850 други.

Најмалку 40 лица загинаа во Иран при денешниот катастрофален земјотрес, јави телевизијата Ал Арабија.

Земјотресот беше со интензитет од 7,8 степени според Рихтеровата скала, соопшти американскиот Геофизички институт. Претходно беше соопштено дека земјотресот бил со интензитет од осум степени.

Потресот се случил во близината на границата со Пакистан во 10:44 часот според Гринич.

Епицентарот бил во близина на иранскиот град Каш, на длабочина од 15,2 километри.

Земјотресот е регистриран на 201 километар југоисточно од иранскиот град Захедан и 250 километри северозападно од Турбат во Пакистан.

Потресот е почувствуван и во регионот на Персискиот Залив, као во делови на Индија. Во главниот град на Индија, Њу Делхи повисоките згради се нишале десет секунди како последица на потресот, при што голем број граѓани во паника излегле на улиците.

Според очевидци згради се нишале и во Катар и Дубаи, каде повеќето граѓани исто така излегле на улиците. Во Дубаи делумно е оштетена зградата на Ал Арабија.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он