Нудат пари за убиство на американскиот амбасадор

Од:

Јеменскиот огранок на Ал Каеда објави дека ќе плати десетици илјади долари на оној што ќе го убие американскиот амбасадор во Сана или некој американски војник во таа земја.

Во аудио пораката, која вчера беше поставена на веб-сајтовите на милицијата, организацијата нуди три килограми злато – во вредност од 160.000 долари – за убиство на амбасадорот.

Награда за убиство на американски војник во Јемен е пет милиони јеменски ријали (23.000 долари).

Организацијата не објасни како ќе ја испорача наградата, но рече дека понудата важи шест месеци.

Потерниците се издадени за “муслиманската нација да се инспирира и да се поттикне на џихад”, се вели во соопштението.

САД го сметаат огранокот на Ал-Каеда во Јемен за најопасен на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида