Новородениот британски принц личи на мајка му

Од:

Новородениот британски престолонаследник вчера со неговите родители, принцот Вилијам и војводката Кејт Мидлтон, ја напушти болницата „Сент Мери“, а гордиот татко за новинарите пред болницата изјави дека бебето личи на неговата сопруга.

Вилијам нагласи дека се уште не решиле кое име ќе му го дадат на синот, забележувајќи дека неговиот син има многу повеќе коса од него.

Стотици новинари и љубопитни граѓани со денови чекаа пред болницата за да го фотографираат новиот британски престолонаследник.

Лондон вчера беше во знакот на раѓањето на новиот принц. Топовите пукаа во близина на Бакингемската палата, оддекнуваа ѕвоната на Вестиминстерската опатија, а се слушаше и песната Congratulation.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот