[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]Делот на Берлинскиот ѕид кој останал зачуван во отворената галерија на исторчната страна ќе се руши за да може да се изградат луксузни апартмани.
Апартманите ќе чинат од 2700 до 7000 евра по метар квадратен. Незадоволните граѓани од проектот веќе направиле петиција, која преку интернет е потпишана од илјадници граѓани.
„Најголемиот дел, кој се уште стои од поранешната линија на смртта, заедно со јавниот кеј на реката, ќе бидат целосно и засекогаш уништени“, стои во петицијата.
Галеријата на источната страна се протега на 1,3 километар и сведочи за некогашната граница меѓу Источен и Западен Берлин, и сега е втора најпопуларна атракција во германската престолнина, после Брандербуршката порта.