Владата на Мјанмар денеска соопшти дека општите избори во земјата ќе се одржат според најавите во окотомври или ноември идната година.
Со ова соопштение властите во поранешна Бурма ги демантираа гласините, според кои, сегашната влада, избрана во 2.010 година со големо влијание на дотогашната воена хунта врз резултатите, ќе ги одложи изборите.
Во првите реакции на познавачите на состојбите во Мјанмар се нагласува дека со оваа одлука сегашните власти сакаат да го намалат незадоволството од степенот на демократијата во земјата. Демократскиот амбиент во државата е и мета на критиките во меѓународната заедница.
Поздравувајќи ја одлуката за датумот на општите избори, опозиционата лидерка Аунг Сан Су Ќи изјави дека се надева оти тие ќе бидат фер. Според многумина, таа има најголеми шанси за победа на тие избори.