Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

Од:

Украина може да смета на непоколебливата и моќна поддршка од Европа, изјави денеска европската комесарка за проширување Марта Кос, која е во посета на Киев.

Кос, кој е во посета на Украина, заедно со претседателот на Европскиот совет Антони Кошта и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас, на првиот ден од нивниот мандат, на платформата Х напиша дека Украина „може да смета на поддршката на Европа на патот кон слободата, мирот и европската иднина“.

„Од првиот ден на војната ЕУ застана на страната на Украина. Од првиот ден од нашиот мандат ја потврдуваме нашата непоколеблива поддршка на украинскиот народ“, напиша Кошта во својата објава на платформата Х, покрај фотографијата со Калас и Кос, при пристигнувањето со воз во Киев.

И Калас и Кошта беа силни поддржувачи на Украина од почетокот на руската инвазија на таа земја во февруари 2022 година.

„Во мојата прва посета по преземањето на функцијата, мојата порака е јасна: Европската унија сака Украина да победи во оваа војна. Ќе направиме се што е потребно за тоа“, објави Калас на платформата Х.

Посетата на новоизбраните претставници на ЕУ на Киев дојде во време на неизвесност во однос на идната политика на Соединетите Американски Држави, кога новоизбраниот претседател на земјата, Доналд Трамп, ќе ја преземе функцијата следниот месец. ЕУ наведува дека нејзините институции и земјите-членки испратиле околу 133 милијарди долари помош за Украина од почетокот на војната.

Би можело да ве интересира

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари