Новиот воен лидер на Буркина Фасо им вети на граѓаните дека ситуацијата ќе се врати во нормална уставна рамка „кога ќе има соодветни услови“.
„Кога условите ќе бидат поволни, во согласност со рокот што нашиот народ суверено ќе го одреди, се обврзувам на враќање на нормалниот уставен поредок“, рече потполковникот Пол-Анри Дамиб во своето прво обраќање по државниот удар за соборување на претседателот Рок Марк Кристијан Каборе.
Тој го обвини претседателот дека не успеал да го спречи насилството на исламистичките милитанти.
Буркина Фасо е третата африканска земја во која за една година има државе, пишува Би-Би-Си.
Економската заедница на западноафриканските држави воведе санкции за Гвинеја и Мали со цел да ги принуди да се вратат во уставната рамка.
Извор: МИА