Новиот судски процес против Мубарак се одложува на неодредено време

Од:

Претседателот на судскиот совет во новиот процес против поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак изјави денеска дека се повлекува, со што судењето се одложува на неодредено време, јави ДПА.

Судијата Мустафа Хасан Абдула изјави дека се чуствува „принуден“ да го води процесот и оти ќе го врати случајот во Апелацискиот суд во Каиро, кој ќе назначаи нов судија.

Абдула ја објави својата одлука на почетокот на судскиот процес во Полициската академија во околината на Киро, каде Мубарак беше донесе со хеликоптер.

Египетската телевизија прикажа претходно снимки на кои се гледа како Мубарак од амбулантното возило го изнесуваат на носилка и го внесуваат во Полициската академија на повторното судење, откако во јануари беше прифатена жалбата на пресудата, со која му е одредена доживотна казна затвор.

Мубарак минатиот јуни беше осуден на доживотен затвор, бидејќи не успеал да го спречи убиството на околу 900 демонстранти на протестите во 2011 година, со кои беше ставен крај на неговото 29-годишно владеење.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина