Новиот словачки претседател потврди дека платата ќе ја дава на социјално загрозени семејства

Од:

Бизнисменот и филантроп Андреј Киска, кој победи на претседателските избори во Словачка, во март, а кој на функцијата ќе стапи на 15 јуни, потврди дека неговата плата ќе ја дели на семејства кои се нашле во тешка финансиска ситуација.

Педесет и едногодишниот Киска, кој во вториот круг на гласање го победи актуелниот премиер Роберт Фицо, претходно најави дека својата претседателска плата ќе ја дава во добротворни цели, јави дописникот на МИА од Прага.

– Мојот план е да им се обратам на најголемите добротворни организации и од нив ќе побарам да ми дадат информации за семејства кои се борат со судбината и за кои државата не може да се грижи и ним да им се дели мојата плата, рече Киска, кој е основач токму на две добротворни организации.

Идниот словачки претседател, потврди дека неговата сопруга ќе им се посвети повеќе на нивните деца, а не на функцијата прва дама, како што досега Словаците беа навикнати.

– Мојата сопруга во неколку наврати изјави дека најголем приоритет во животот и смислата на животот и е грижата за нашите мали деца и нивното воспитание и образование, изјави Киска.

Би можело да ве интересира

Експлозија во воениот институт „Захорје“, најмалку двајца се повредени

Горан Наумовски

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Шојгу: Протестите во Србија и Словачка се организирани од странство

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Дојави за бомби во канцелариите на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо

Следува големо протерување од Словачка на странски државјани кои ги организираат протестите

А1он