Новиот претседател на Молдавија прво ќе ја посети Москва

Од:

Новоизбраниот претседател на Молдавија, Игор Додон во рамките на неговата прва посета на некоја странска земја од новата функција, ќе отпатува за Русија, изјави шефот на неговиот предизборен штаб Јон Чебан.

Тој прецизираше дека посетата ќе следи набрзо откако ќе бидат спроведени сите планирани процедури, пренесува Танјуг.

Откако беа пребројани 99,95 отсто од гласовите, Додон победи на изборите во Молдавија со освоени 52,27 проценти од нив.

Главната битка на претседателските избори беше меѓу приврзаниците на приближувањето кон Русија и приврзаниците на европските интеграции.

За продолжување на соработката и зајакнување на врските со Русија се лидерот на социјалистите Игор Додон и кандидатот на коалицијата Наша партија Дмитриј Чубашенко, додека останатите учесници во претседателската трка ги поддржуваа европските интеграции.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија