Новиот јапонски цар се обврза дека ќе биде симбол на единство

Од:

Јапонскиот цар Нарухито вети дека ќе ја исполни својата улога како „симбол на државата и единството”, во неговата прва јавна порака од преземањето на тронот.

Обраќањето на 59-годишниот цар се случи денеска, откако официјално го започна своето владеење по куса, но симболична церемонија во Кралската палата, јави Би-Би-Си.

Нарухито го наследи својот татко, 85-годишниот Акихито, кој абдицираше од тронот поради својата возраст и нарушено здравје. Акихито ќе биде познат како царот Емеритус. Тој беше прв јапонски император кој абдицирал во последните 200 години. Јапонскиот цар Акихито и царицата Мичико драматично ја модернизираа монархијата окована во традиција, „се спуштија меѓу луѓето” и значително ја зголемија популарноста на династијата. Акихито ја прекина традицијата речиси во сè, од венчавка со својата љубов која не е благородничка, до извинување за јапонските воени злосторства.

Во својот говор, царот Нарухито му оддаде признание на својот татко поради тоа што покажал толкава посветеност кон луѓето.

– Се колнам дека длабоко ќе промислувам и ќе го следам курсот поставен од царот Емеритус … и ќе ја исполнам мојата одговорност како симбол на државата и на единството на народот на Јапонија, рече новиот цар.

Нарухито технички стана цар точно на полноќ кога и заврши владеењето на неговиот татко и почна новата ера – Реива.

Но, денеска изутрина неговата позиција беше формализирана, бидејќи симболично ги презеде светите царски регалии – меч и скапоцен камен – кои се пренесуваат низ генерациите.

Јапонските цареви не носат круна, па овие регалии, заедно со огледало, претставуваат симбол на империјалната моќ.

Сепак, предметите кои се употребени во церемонијата се дупликати, бидејќи вистинските предмети се чуваат во светилишта низ целата земја и никогаш не се гледаат.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови