Новиот египетски премиер Хазем Беблави изјави дека не ја исклучува можноста за учество на претставници на движењето „Муслиманско братство“ во преодната Влада, што ја составува во моментот.
– За мене не е толку важна политичката припадност. Ако Партијата за слобода и правда, политичко крило на „Муслиманско братство“, предложи некого и тој човек има неопходна квалификација за функцијата, ќе биде разгледано неговото назначување, рече Беблави.
Движењето, кон кое припаѓа соборениот претседател Мохамед Морси, вчера го отфрли предлогот да учествува во новиот кабинет.