Новиот англикански надбискуп останува против хомосексуалноста

Од:

Новиот надбискуп на Англиканската црква Џастин Вилби изјави денеска дека тој ќе продолжи да го поддржува ставот на оваа црква која се противи на активната хомосексуалност, иако тој прифаќа дека некои геј двојки имаат љубов и стабилни, моногамни односи.

Во интервју за радио Би-Би-Си, надбискупот Вилби рече дека Англиканската црква не е политичка партија, па затоа таа не ги отфрла (овие) луѓе, туку едноставно, не се согласува со нив. Според Вилби, тој нема никакви дилеми околу политиката на Англиканската црква кон хомосексуалните односи, но признава дека предизвик за црквата е како таа да одговори на сето тоа.

– За мене и за црквата, бракот е заедница на еден маж и на една жена и од тоа нема отстапување, изјави за Би-Би-Си надбискупот Вилби. Ваквиот став е сосема спротивен од настојувањето на британската Влада, да го протурка во Парламентот законот за легализација на геј браковте.

Изјавата на Вилби доаѓа непосредно пред неговото денешно устоличување како надбскуп во катедралната црква во Кантербери. Џастин Вилби е 105-ти англикански надбискуп и духовен водач на англиканската црковна заедница.

На устоличувањето на новиот надбискуп од Кантербери ќе присуствуваат две илјади лица, меѓу кои и престолонаследникот Чарлс и британскиот премиер Дејвид Камерон.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година