Новинарка силувана во Каиро

Од:

Холандска новинарка е силувана на плоштадот Тахрир во Каиро, во текот на протестите на милиони лица кои бараа оставка на претседателот Мухамед Морсиј.

Како што пренесуваат египетските медиуми новинарката ја силувале неколку мажи, кои се нарекле револуционери.

Извори од болницата потврдиле дека инцидентот навистина се случил, наведувајќи дека новинарката пред неколку дена ја силувале пет мажи. Тие додале дека жената е оперирана и пуштена на домашно лекување.

Според медиумите, во последните дена откако започнаа немирите во државата, најмалку 43 жени беа нападнати од машките банди на улиците во Каиро.

Египетската влада вчера на политичарите им даде рок од 48 часа да ја решат кризата во државата и порача дека во спротивно ќе ја презеде одговорноста и ќе го претстави својот план за мир.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет