Новинари успеале да внесат експлозив во полскиот Парламент

Од:

Новинарите на полската телевизија внесоа експлозивни материјали во зградата на Сејмот (Долниот дом на Парламентот) за да ја докажат нефункционалноста на безбедносниот систем.

Новинарите успеле да внесат три килограми материјал од кои може да се направи бомба, Целта им била да ја докажат нефункционалноста на безбедносниот систем на Сејмот по апсењето на 45-годишен маж, кој планирал да постави бомба во зградата на Парламентот.

Експлозивните материјали биле внесени од спореден влез преку подземен коридор се до салата за седници. Лицето што ги внело експлозивните материјали ја оставило торбата во првиот ред, кога лидерот Лешек Милер на Сојузот на демократската левица држел прес-конференција.

Иако торбата била оставена пред Милер никој од надлежните не обрнал внимание.

– Тоа покажува колку лесно може да се влезе во зградата, изјави претседателката на Сејмот, Ева Копач, иако претходно тврдеше дека Парламентот е добро заштитен и оти нема потреба до дополнителни безбедносни мерки.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците