Новинари ги исфрлија своите колеги од „Ал Џезира“ од прес- конференција во Каиро

Од:

Новинари на катарската телевизија „Ал Џезира“ беа избркани од нивните колеги од прес-конференцијата на портпароли на египетската армија и полиција во Каиро во врска со убиството на десетици приврзаници на соборениот претседател на Египет, Мохамед Морси.

– Не се согласуваме со присуството на претставници на „Ал Џезира“ на прес-конференцијата, изјави еден од присутните новинари.

Веднаш потоа во салата настапи хаос, а неколку новинари скандираа „Ал Џезира надвор“ се додека екипата на катарската телевизија не излезе.

Портпаролите на армијата и полицијата не се обидоа да се вмешаат во она што се случуваше.

Катар беше голем поддржувач на Морси, а „Ал Џезира“ е обвинета од многу набљудувачи поради нејзините пристрасни прилози за последните случување во Египет.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина