Дваесет и еден цивил загинаа денеска во Сана по воздушни удари на коалицијата предводена од Саудиска Арабија. Тоа се случува два дена откако беше објавено хуманитарно примирје договорено со посредство на ОН.
– Три проектили погодија кварт во Сана, уништија 15 домови, убија 21 цивил и ранија 45, изјави локален жител за западни медиуми.
Од 26 март коалицијата предводена од Саудиска Арабија бомбардира милиции на хутите. Целта на акцијата е да ги протера од јужните и централните региони и да ја врати на власт владата која е во егзил. Досега над 3.000 луѓе загинаа во тие бомбардирања.