Нови закани кон еврејски центри во САД

Од:

Единаесет еврејски центри во САД вчера добија бомбашки закани и беа евакуирани, соопштија еврејските организации и полициски претставници.

Сите закани, инаку испратени телефонски, се покажале како лажни.

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) и Министерството за правда започнаа истрага, а Кабинетот на претседателот Доналд Трамп ги осуди ваквите закани.

– 3а омразата или какво било насилство поттикнато од омраза, нема место во една земја, заснована врз гарантирана лична слобода. Претседателот јасно стави на знаење дека ваквите активности се неприфатливи, изјави висок претставник на Администрацијата.

– САД се нација, основана врз принципот на религиозна толеранција. Треба да ги штитиме нашите места за богослужба и религиозните центри, напиша на Твитер ќерката на Трамп, Иванка, која го има прифатено јудаизмот како своја религија.

Од јануарим па досега вкупно се испратени 69 дојави за поставени бомби во еврејски центри во 27 американски сојузни држави и во една канадска провинција, соопшти Асоцијацијата на еврејските заедници во Северна Америка.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени