Нови воздушни напади врз бунтовници во Јемен

Од:

Авиони на коалициските сили предводени од Саудиска Арабија почнаа со воздушни напади врз цели на шиитски бунтовници во јужниот јеменски град Аден, соопшти армијата.

Воздушните напади се започнати неколку часа откако мировните преговори во Женева завршија без договор.

Најмалку 15 воздушни напади се извршени во северните, источните и западни влезови на Аден, изјави провладин воен извор.

– Целта е да се направи обрач околу бунтовниците Хути во Аден и помогне на борците на народниот отпор, лојални на протераниот претседател Абедрабу Мансур Хади, изјави анонимен воен претставник.

Според него бунтовниците гранатирале неколку населби во градот и во нападите загинале најмалку четири лица, а неколку се повреден.

Насилствата во Јемен повторно избувнаа откако специјалниот претставник на ОН за Јемен Исмаил Улд Чеих Ахмед вчера соопшти дека разговорите во Женева завршиле без договор.

Коалициските сили предводени од Саудиска Арабија на 26 март годинава почнаа со воздушни напади врз бунтовниците Хути и нивните сојузници.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен