Тројца демонстранти се убиени, а 25 се ранети во текот на судирите со силите за безбедност во близина на стрешки мост во Багдад, јавија ирачки официјални претставници.
Болнички извори наведуваат дека три лица биле убиени денеска во багдадската улица Рашид.
Двајца демонстранти починале од вдишување солзавец, а еден бил погоден кога безбедносните сили отвориле оган, пренесуваат американските медиуми.
До судири дошло после некои од најсилните судири меѓу антивладините демонстранти и бебедносните сили, кога беа убиени најмалку 10 демонстранти во близина на мостот Ахрар.
Ирачките антивладини протести ескалираа на 1 октомври, а демонстрантите зазедоа неколку багдадски плоштади и делови на три моста кои водат до утврдената Зелена зона, седиштето на ирачката Влада.