Во главниот град на Египет, Каиро денес избија нови судири помеѓу симпатизерите и противниците на отповиканиот претседател, Мохамед Морси.
Повикувајќи се на изјави на очевидците, новинските агенции пренесуваат дека до судир дошло во каирскиот дел Шубри, во попладневните часови.
Сведоците велат дека судирите во Каиро започнале денес, откако противниците на Морси палеле постери со негови фотографии.
Елена Георгиевска