Нови судири и нови жртви меѓу противниците и приврзаниците на Морси

Од:

Три лица загинале а десетина се ранети во судирите меѓу приврзаниците и противниците на соборениот египетски претседател Мохамед Морси.

На улиците на Каиро излегоа десетици илјади луѓе кои бараа враќање на Морси на власт. Бројот на жртви од почетокот на месецот се зголеми на 99 лица.

Армијата предупреди дека ќе интервенира ако ескалираат протестите. Во Египет е несигурно, откако на 3 јули армијата го собори првиот демократски избран претседател по масовните протести на кои се бараше негова оставка.

Наследникот на Морси, Адли Мансур, кого го постави армијата, вети дека ќе се бори за зачувување на стабилноста и против оние што ја носат земјата во непознато.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро