Нови протести во Франција, Макрон се уште нема мнозинство за пензиските реформи

Од:

Илјадници луѓе денеска продолжија да протестираат во француските градови против спорниот план за пензиски реформи на претседателот Емануел Макрон, кој е во завршна фаза во парламентот. Работниците во транспортот и другите сектори излегоа на штрајк, иако во помал број од претходно, додека претставниците од двата дома на парламентот се состанаа за да разговараат за компромисниот предлог-закон за реформи.

В четврток Сенатот, а потоа и Националното собрание ќе гласаат за предлогот и доколку двата дома дадат зелено светло, реформата ќе биде усвоена. Клучната точка на реформата е зголемувањето на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Дополнително, треба да се зголеми бројот на години кои мора да се уплатуваат во пензискиот систем, а минималната пензија ќе се зголеми на 1.200 евра.

Реформата се смета за клучен проект на Макрон и неговата влада од десниот центар, а се објаснува со заканата од дефицит во пензискиот фонд. Плановите освен синдикатот ги критикуваше и дел од опозицијата. Бидејќи таборот на Макрон повеќе нема апсолутно мнозинство во парламентот, претседателот се надева на поддршка од конзервативните републиканци в четврток. Останува нејасно дали доволен број пратеници ќе гласаат за реформата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Туристички авион се урна по полетувањето од аеродромот во Лион, при што две лица се повредени

Горан Наумовски