Нови насилства во Ирак – најмалку 13 загинати и десетици ранети

Од:

Автомобил-бомба и неколку бомби поставени покрај пат експлодираа денеска во шиитски и сунитски квартови во Багдад, убивајќи најмалку 13 луѓе.

Никој досега не ја презеде одговорноста за нападите, во кои има и десетици ранети, но сунитски бунтовници и ирачкото крило на Ал Каеда ги засилија операциите од почетокот на годината како дел од кампања за предизвикување тензии.

Повеќе од 1.000 луѓе беа убиени од почетокот на април во најголемиот бран насилство во Ирак по повлекувањето на американските сили од државата во декември 2011 година.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак