Нови детали за Лејди Ди: Била вљубена и сакала да се пресели во Пакистан

Од:

Писателката Џемима Кан открила дека нејзината пријателка, принцезата Дијана била лудо вљубена во Хаснат Кан и дека поради него сакала да се пресели во Пакистан.

Кан за септемвриското издание на магазинот “Vanity Fair”, раскажала дека Дијана од неа барала да и раскаже како се живее во Пакистан.

Имено, Дијана во периодот помеѓу 1995 и 1997 година била во тајна врска со пакистанскиот хирург Хаснат Кан, а нејзината пријателка изјавила дека дури планирала и да се омажи за него, дносно дека за тоа тие разговарале со неговото семејство.

-Многу сакаше да го импресионира неговото семејство, особено неговата мајка. Но, сите нејзини напори беа залудни затоа што семејството на Хасант не одобруваше било каква врска со една Англичанка, и покрај аристократските корени. За едно конзервативно пакистанско семејство, бракот на синот со Англичанка е најстрашниот ноќен кошмар – раскажала Џемима.

Иако Дијана и Хасант планирале брак, па дури и деца, врската им се распаднала во истиот период кога таа го запознала Доди ал Фаед.

Дел од нејзините пријатели сметаат дека таа се впуштила во врската со Ал Фаед само за да го направи Хасант љубоморен.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство