Нови антивладини протести во Буркина Фасо

Од:

Антивладини демонстранти денеска повторно излегоа на улиците на главниот град Уагадугу на западноафриканската држава Буркина Фасо, ден по насилните протести.

Демонстранти вчера упаднаа во зграда на парламентот и ја запалија, оневозможувајќи на тој начин гласање измени со кои ќе се дозволи претседателот Блезу Компаоре, по 27 години на власт, повторно да се кандидира за уште еден претседателски мандат.

Компаоре по протестите предложи формирање на преодна влада заедно со опозицијата до изборите идната година, кога треба да ја предаде власта. Сепак, ваквиот план не го прифати опозицијата.

Армијата подоцна го распушти парламентот и најави формирање преодна влада, по што Компаоре соопшти дека останува претседател за време на транзицијата.

Би можело да ве интересира

Најмалку 33 војници загинаа во напад на џихадисти во Буркина Фасо

Ана Ололовска

Буркина Фасо побара повлекување на француските војници од нејзината територија

Ана Ололовска

Во Буркина Фасо пронајдени телата на 28 убиени

Грифитс: Глад во Буркина Фасо, некои жители јадат само листови

Ана Ололовска

Буркина Фасо: Соборениот лидер на хунтата Дамиба се согласи да поднесе оставка

Ана Ололовска

ЕУ го осуди новиот државен удар во Буркина Фасо, втор за осум месеци

Ана Ололовска